| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли во кого бил вљубен Принс?

c748d476f833c6809204b4c1f257d584

Пред неколку дена светот на музиката загуби уште еден гениј. Принс Роџерс Нелсон си замина одеднаш  на 57 годишна возраст. Чудак кој сметаше дека благодарение на електричната гитара сеуште има коса.

„Кога свириш на електрична гитара во текот на целиот свој живот ти се случува нешто. Верувам дека целиот тој електрицитет што минува низ телото е причината сеуште да имам коса“.

Инспирирани од неговата музика која засекогаш ќе остане во нашите срца, денес ќе споделиме некои помалку познати факти за пејачот.

Принс потекнува од семејство на музичари. Неговиот татко Џон Нелсон е пијанист и дел од триото „Prince Rogers Trio“. Неговата мајка, Мати Шоу, пее во групата. Неговата сестра Тајка Нелсон исто така се занимава со музика и има издадено два албума.

Во песната на Мадона „Like a Prayer“ Принс го отсвирува солото на гитара.

Филмот од 1984 година „Purple Rain“ е рок драма во која глуми Принс. На саундтракот на филмот се песни, меѓу кои „When Doves Cry“, „Let’s Go Crazy“ и „Purple Rain“.

Во 1996 година пејачот го губи својот син. Бебето има само една недела, кога умира од ретка генетска болест.

Знаете ли дека Принс беше висок 158 см?

Првата песна која ја напишал Принс е „Funk Machine“. Тој имал само 7 години и песната е компонирана на пијаното на неговиот татко, на кое тој често свирел.

Неговата омилена храна во периодот на „Purple Rain“ биле шпагетите и сок од портокал.

e1d0ab850231bd8b9631f3d43f329587

Принс не им дозволувал на новинарите да снимаат интервју со него. Еве што споделил пејачот пред „Billboard“: „Некои луѓе во минатото го земале мојот глас и го продавале.“

На 10 годишна возраст, тој танцува на сцената со Џејмс Браун на „Godfather of Soul“.

Музичката турнеја „Purple Rain“ (1984-85) е многу успешна за ѕвездата. Тогаш се продадени 1 700 000 билети.

Знаете ли дека Принс бил лудо вљубен во Ким Бесинџер? Пејачот дури одложил концерт поради русокосата Ким.

Принс имал два брака зад себе и двата завршуваат со развод.

452760915-520x349

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top