Освен со истакнати дизајнери, софистицираната кујна и Челентано, Италија може да се пофали и со неверојатни убавици. Италијанките се сметаат за најубавите жени во светот, факт кој историјата неколкупати го докажала. Женствените облини, страствениот темперамент и сензуалност, се карактеристики со кои овие убавици ја заслужуваат титулата „секс-симбол“.
Неодамна познатата италијанска актерка Орнела Мути наполни 61 година. По тој повод да се потсетиме на убавиците од Италија, по кои мажите го губат умот.
Орнела Мути
Италијанката со примеси на естонска крв, Орнела Мути е олицетворение на убавина нетипична за нејзината татковина. Совршена фигура, сини очи, руса коса, актерка која остава впечаток на нешто егзотично. Уште по изненадувачки е дека таа е безвременска и на 60 години таа сеуште е вистинска убавица. Која е нејзината тајна, добри гени или нешто друго, останува само да погодуваме и да и завидуваме.
Софија Лорен
Италијанката со светската слава, со неспорен актерски талент, која има добиено награди на сите главни филмски фестивали. Но, Софија остананува во историјата, пред сè како симбол на убавината. Нејзината појава предизвикува масовна психоза, мажите и се поклонуваат, а жените ја подржуваат. Совршената фигура, најубавите очи и полните усни освоија милиони обожаватели, додека срцето на убавицата беше посветено само на еден маж, а тоа е продуцентот Карло Понте.
Џина Лолобриџида
Фактот дека Џина ја играла главната улога во филмот „Најубавата жена“, зборува сам за себе. Тенка половината, истакнати веѓи, коси очи и идеална симетрија. Кино дивата била безусловно призната за репер на убавината на своето време и за извонредна глумица. Само Софија Лорен ја оспорувала титулата на секс-симбол на раскошната бринета.
Клаудија Кардинале
Една од најпосакуваните Италијанки на сите времиња, Клаудија Кардинале не е родена во Италија, туку во Тунис. Но тоа што не знаела да зборува италијански (зборувала француски), не и попречило да стане вистинска ѕвезда во Италија и муза на маестро Фелини. Интересно е дека покрај нејзината убавина, таа не се впуштала во љубовни афери со своите колеги актери и го одбила дури и Ален Делон.
Моника Белучи
Титулата најголем секс-симбол на нашето време, сеуште и припаѓа на Моника Белучи.
Нејзината силна надворешност, со лице на ангел и тело на грешница, постојано ги инспирира режисерите. Белучи одигра голем број грешни убавици, од Марија Магдалена до улична проститутка.
Бјанка Балти
Плод на љубовта на италијанец и азербеџанка, експлозивна комбинација, како што констатираат и мажи и жени, гледајќи ги фотографиите на топ моделот Бјанка Балти.
Убавицата со азурни очи може да ве возбуди само со еден поглед. Не е чудно што сицилијански дует Доменико Долче и Стефано Габана ја ангажирале Бјанка уште при првата нејзина појава на модна писта.
Оливија Калпо
На натпреварот „Мис Универзум“, Оливија Калпо беше претставничка на САД, но титулата ја должи на нејзините италијански корени. Таткото на прекрасната бринета е италијанец, а мајка и е италијанка со ирска крв. Како што гледате, таа комбинација има запрепастувачки ефект.
Катерина Мурино
Дури Џејмс Бонд не успеа да одолее на шармот на Катерина Мурино во „Казино Ројал“. Актерката сепак си го заработи статусот на секс-симбол многу пред да стане „Бонд девојка“. Во својата татковина била нарекувана „најубавата италијанка“ уште во 1997 година, дури потоа постигнала успех во телевизијата и филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.