| четврток, 6 декември 2018 |

Ристо Никовски: Зоран Заев е марионета на странските служби

nikovski

За „шарената револуција“, прислушуваните разговори и лидерот на oпозицијата, Зоран Заев, во вестите на ТВ Нова зборуваше дипломатот Ристо Никовски.

– Тука има две димензии. Изразувањето на незадоволство е демократско право и не треба да има замерки околу тоа. Второто е што демонстрантите сквернават културни знаменитости – особено Mинистерството за култура и Pортата Македонија, што е хулиганство и мора да се спречи, вели Никовски.

Според него границите се преминати, а демонстрациите се финансирани од странски субјекти – пред се СОРОС. Никовски во врска со прислушуваните разговори додаде дека истите се дело на странски служби, а лидерот од опозицијата Зоран Заев се појавува како нивна марионета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top