Касим Андац, турски кројач скроил фармерки долги девет милиметри.
Тој доаѓа од семејство во кое овој занает се пренесува од колено на колено. Веќе две децении се занимава со кројачки занает кој го наследил од татка си. Додава дека неговиот татко некогаш одамна почнал да изработува минијатурна облека која ја подарувал на пријателите.
-Тоа ми се чини многу интересно. Истражував, но не најдов дека некој изработува нешто слично на ова. Успеав и скроив панталони долги деве милиметри. Но, за жал не најдов копче и патент – вели тој.
Неговиот татко прво скроил панталони од 7,5 сантиметри, па потоа од 2,5 сантиметри и тврдел дека не може помалку. Но, Касим решил и му успеало да направи помали фармерки од оние на татко му.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.