Игор Карачиќ имаше одлична партија за „црвено-црните“ во првиот четвртфинален дуел против Веспрем, но сепак недоволно за позитивен резултат пред реваншот во Унгарија.
„Пред се би сакал да им се заблагодарам на навивачите, не само на „комитите“ туку на сите оние кои ни дадоа одлична поддршка, но не успеавме да ги израдуваме. Најмногу ми е жал за нив, дадовме се од себе, одигравме борбено, но влеговме во црна дупка од десетина минути, што гостите го искористија за да се одлепат резултатски. Нивните голмани ни одбранија премногу зицери, но верувам дека ќе биде подобро на реваншот. Јас сум таков карактер што секогаш сакам да останам со крената глава и да гледам кон следните предизвици, се надевам дека ќе ги отстраниме сите грешки што ги направивме денеска и на реваншот ќе одиграме уште подобар натпревар“ – изјави Карачиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст