| четврток, 6 декември 2018 |

Истрагата потврди: Нема знаци дека Принс се самоубил

Легендарниот пејач Принс Роџер Нелсон веројатно починал од природна смрт, бидејчи нема знаци дека извршил самоубиство, покажале наодите од истрагата која била извршена веднаш откако пејачот бил пронајден мртов.

-На телото немало никави знаци дека Принс се самоубил. Смртта настанала веројатно по придоден пат – изјави Џим Олсон, шеф на полицијата во Минесота.

Принс (57) е пронајден мртов во својот дом во Минесота во четврток. Официјалната истрага ќе трае неколку недели, а на конечните резултати ќе се чека уште некое време.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top