Рекордни 175 земји го потпишаа Парискиот договор за климата во централата на ОН во Њујорк синоќа, јави ТАСС.
Никогаш досега меѓународен договор не бил потпишан од толку земји за еден ден. Настанот се совпадна со вчерашниот Ден на Земјата.
Петнаесет од потпишаните земји, повеќето од кои се мали островски држави, веќе го ратификуваа договорот, кој има за цел да ги забави климатските промени.
Договорот ќе стапи во сила откако ќе биде ратификуван од 55 земји, одговорни за најмалку 55 отсто од емисиите за штетни гасови.
Францускиот Парламент ќе го разгледа договорот на 18 мај, и се очекува да биде ратификуван до летото, изјави на церемонијата по потпишувањето на договорот францускиот претседател Франсоа Оланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.