| четврток, 6 декември 2018 |

Новрешката министерка скокна во вода за „да ги разбере бегалците“

Норвешката министерка Силви Листаунг предизвика бура од критики откако реши да скокне од бродот за спасување во Егејско море.

Со овој потег сакала „подобро да ја согледа ситуацијата од перспектива на хуманитарци и бегалци“, но наиде само на осуда во јавноста. Многу корисници на социјалните мрежи ја исмеаја нејзината одлука, коментирајќи дека е лош маркетиншки трик.

Министерката го посети грчкиот остров Лезбос, и скокна во вода.

13062183_520086814829549_3804960615417949042_n

Истовремено, полицијата на Лезбос со бродови ги враќа бегалците во Турција, а повеќе од 760 се удавија во обидите да стигнат до Грција и Италија.

– Срам ми е што сум Норвежанец – беше една од реакциите на социјалните мрежи по овој потег.

– Вечерва ќе спијам со отворен прозорец за да се почувстувам како бездомник – беше другиот коментар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top