Меѓународен тим на научници во новата студија објавена во престижниот магазин „Сајнс“ се обиде да ги објасни катастрофалните поплави кои го зафатија Балканот. Сметаат дека освен климатските промени за поплавите се одговорни и „планетарни резонанции“.
Во студијата авторите наведуваат дека Балкан во 2014 година го зафатил Вб- тип на циклон кој мигрира од Медитеранот, каде апсорбирал големи количини на топол и влажен воздух, кон северот и предизвикува поплави со централна и источна Европа.
Научниците наведуваат дека во студијата покажале дека Вб циклонот бил невообичаено стациониран „носејќи“ екстремни врнежи во теко на неколку дена како и дека ситуацијата е веројатно поврзана со квазистационираните планетарни Росби бранови. Пишуваат и дека статистичките анализи на дневните пролетни врнежи на Балканот покажуваат зголемување од 1950 до 2014 година особено во големи количини кои се релевантни за поплавите.
Наведуваат дека и ваквите промени не можат да се објаснат само со термодинамички аргументи.
-Затоа тврдиме дека во зголемените ризици од поплавите на Балконот улога имале и динамички процесори – пишуваат научниците, кои најавиле дека се можни нови катастрофални поплави на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.