| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца полицајци повредени: Хулиганите и насилниците на СДСМ, СОРОС и БЕСА се обиделе да им ги одземат штитовите

protesti-2nasilstvo

Тројца полициски службеници се полесно повредени за време на вчерашниот протест организиран од невладините на Сорос и СДСМ
Во полицискиот билтен денес е наведено дека полицајците се повредени во пределот на рацете, при обидот да им бидат одземени штитовите.

-На 21.04.2016 година од 18:45 до 21:10 часот во Скопје е одржан јавен собир на кој присуствувале околу 4.000 граѓани во организација на НВО „Протестирам“. Собирот започнал пред објектот на СЈО, а околу 19:10 часот масата се упатила кон седиштето на ЕУ, каде што околу 20:30 часот, кога започнале да се движат кон Владата на РМ како последна дестинација, при тоа повредени се три полициски службеници: и тоа двајца кои се здобиле со телесни повреди во пределот на рацете настанати при обид да им го одземат штитот, кои со возило на брза помош се префрлени во Клиничкиот центар-Скопје и уште еден полициски службеник кој се здобил со телесни повреди на дланките на кого лекарска помош му е укажана на лице место од страна на брза помош, се наведува во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top