„Престани да ни се закануваш, ќе те пријавам в полиција!“ Ова биле последните зборови што Снежана Николовска од Волково ги кажала пред да биде убиена со куршум во главата. 45-годишниот Дончо Ѓ. ја убил Снежана, па потоа и нејзината мајка Елена, па си пресудил.
Како што пишува „Дневник“, неофицијално, причина за двојното убиство и самоубиство е порака што ја добил од својата љубовница, ќерката на Снежана, во која му напишала: „Прави што сакаш. Имаш жена и деца, мене остави ме на мир“, по што Дончо отишол во куќата на нејзините мајка и баба и со пушка ги убил двете жени, а потоа се самоубил.
Соседите раскажуваат дека не можејќи да го поднесе фактот дека младата девојка заминала и дека нивната љубовна врска е завршена, Дончо постојано им се заканувал, вербално ги напаѓал, ги навредувал, а потоа завчера и навистина посегнал по нивниот живот.
Дента кога се случило убиството, Дончо излегол од куќата по што Снежана во 19.25 часот се јавила на 192 за да пријави дека соседот им се заканува дека ќе ги убие неа и нејзината мајка, а додека зборувала со полицијата, Дончо повторно се вратил во куќата но вооружен со пушка. Тогаш се слушнало силно тропање и кршење на стакло, а потоа и пискотници, по што линијата се прекинала. Дончо влегол во куќата и ја застрелал Снежана во главата, а нејзината мајка Елена ја застрелал во градниот кош. Двете жени починале веднаш. Откако ги убил, вооружениот маж излегол во дворот, застанал покрај скалите од куќата и си пукал во брадата.
Како што пишува Дневник, Дончо бил вработен во МВР. Порано бил полицаец во една од специјалните единици, а оттаму бил прераспределен да работи како магационер во Одделот за општи и заеднички работи во МВР. Тој бил женет и татко на две деца. Важел за агресивен човек, кој знаел да пука во воздух на веселби.
Според полицијата, во точно 19.20 часот почнал вооружениот поход на убиецот, чијашто куќа е веднаш под куќата на убиените Снежана и Елена, односно ги дели само ограда, на улицата 103, кај плоштадот на главната улица во селото. Тој добил СМС од љубовницата да ја остави на мира по што тој збеснал и почнал да вика како можеле да ја пуштат да работи на брод.
– Веројатно го загубил разумот, затоа што кога се слушнале пукотниците, еден од соседите му префрлил: „Што правиш?“ а тој му рекол да бега оти и него ќе го убие – раскажуваат во Волково сведоци за „Дневник“.
Мобилните ќе ја расветлат причината за убиствата.
ПОВЕЌЕ НА „ДНЕВНИК“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст