| четврток, 6 декември 2018 |

Дрвја за Земјата – денеска се одбележува Денот на планетата Земја

EARTH-DAY-BRIGHT

Под мотото „Дрвја за планетата Земја“ денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Целта е да се спроведат акции насекаде низ светот за засадување на приближно осум милијарда дрвја до 2020 година.

Со различни активности, Денот на планетата Земја ќе биде одбележан и во Македонија.

Во основното училиште „Партениј Зографски“ во населбата Кисела Вода ќе бидат засадени садници, а на одбележувањето ќе присуствува министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети и претставници на УСАИД и на УНДП.

Градот Скопје и Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ ќе го одбележат овој ден во Градскиот парк со поставување штандови на кои ќе се делат картички со еколошки пораки и семиња, а ќе се засадат и зимзелени садници.

Во градинката во населбата Железара ќе биде организирана велосипедска трка, а амбасадорот на Холандија Вутер Пломб заедно со децата ќе засадат дрвца и цвеќиња.

Кон одбележувањето на Денот на планетата се приклучува и компанијата „Пакомак“ со повик до сите на овој ден да дојдат на работа со велосипед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top