За да најдете некого на социјалните мрежи, потребни ви се само 12 часа. Ова покажува дека денес светот е многу добро поврзан и дека не е потребна голема мака или труд за да најдете некого кого го барате преку социјалните мрежи.
Алекс Рутерфорд и неговиот тим направиле експеримент наречен „Таг челинџ“. Целта била да најдат пет лица од пет различни града во Северна Америка и Европа, а единствено нешто што знаеле за нив е тоа како излгедале, на основа на фотографија, градот во кој живееле и знаеле дека ќе носат маица на која пишува „Таг челинџ“. За само 12 часа успеале да ги пронајдат петте лица.
Нивната стрратегија била следнава: прво да најдат лица кои можат да им дадат корисни информации наместо да се распрашуваат кај поголем број луѓе.
– Тој феномен најмногу се гледа во моќта на социјалните медиуми – изјави Рутерфорд, додавајќи дека е многу важно тоа што преку социјалните мрежи брзо и лесно може да мобилизираат многу луѓе, користејќи ги географските информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.