| четврток, 6 декември 2018 |

„Верна фаланга“ – навивачки клуб за сите македонски репрезентации

Македонскиот центар за култура и за развој (МЦКР) во рамките на проектот „Здрав спорт за здраво општество“ формираше навивачки клуб за сите македонски репрезентации, кој ќе се вика „Верна фаланга“.

За лого на навивачката група е избран лав со антички шлем.

– Го промовираме навивачкиот клуб на македонските репрезентации како врвно организирана форма, која на европски и светски начин ќе го организира и раководи навивањето за националните репрезентации. Досега не сме имале ваков навивачки клуб, имале поединечните клубови свои навивачки групи, но ова на државно ниво е една официјална организација. Очекуваме во наредниот период „Верна фаланга“ да ги обедини сите верни навивачи во Македонија – вели Нелко Нелковски претседател на МЦКР во изјавата пренесена од порталот „Курир“.

Членството во организацијата вели дека ќе се залага за почитување на спортскиот противник и за навивање без насилство, национализам, расизам и сите видови дискриминација. годишната членарината ќе чини 900 денари за домашни навивачи, и 25 евра за македонските навивачи надвор од нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top