Средба во Виена требаше да се случи во интерес на разрешувањето на политичката криза која СДСМ ја наметна на Република Македонија. СДСМ и Зоран Заев како нејзин претседател се директни виновници за кризата во којашто се наоѓа Македонија. Зоран Заев и неговата политичка партија сносат и лична и политичка одговорност за продлабочувањето на тензиите врз државата и за зголемениот ризик за нестабилност, изјави денеска Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев и СДСМ направија саботажа на планираната средба во Виена. Зоран Заев со саботажата на средбата во Виена покажа дека нему му е важен само личниот интерес, а не му е важен интересот на државата и на граѓаните што сакаат крај на оваа долга политичка криза. Заради тоа што Зоран Заев ја саботираше средбата во Виена, пропуштена е една шанса да се дојде до договор за спроведување на она што веќе е потпишано, а тоа е одржување на изборите на 5 јуни со новата Државна изборна комисија, со Владата што има мандат да ги спроведува изборите и со граѓаните кои сакаат на избори да можат да одлучат на кого ќе ја дадат својата доверба“, рече Милошоски.
Заев свесно бега од избори, вели Милошоски, бара нивно одложување и со нивното одложување свесно придонесува за пролонгирањето на кризата во Македонија.
„Сметаме дека ваквата деструктивна политика и однесување на Зоран Заев и во иднина ќе продолжи бидејки е свесен дека не ја ужива поддршката на народот и затоа е уплашен да се појави на избори и да ја понуди својата програма на избор на граѓаните на Македонија. Македонија се соочува со две опции, едната опција е да излезе на избори и да го направи суштинскиот чекор за излез од оваа политичка криза, втората опција е тие избори да се одлагаат, да се саботираат и да се измислуваат најразлични изговори и со тоа тензиите и кризата во Македонија да се продлабочуваат.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е стабилност на државата, демократски избори на 5-ти јуни, крај на кризата и враќање кон реформите, градење на патиштата, болници, подршка за земјоделците и отварање на нови работни места. Сметаме дека првиот чекор кон ваков излез од кризата е одржување на изборите на 5-ти јуни, согласно потпишаното и договореното од сите политички партии во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ се согласи да ја прифати поканата за средба во Виена, бидејќи сме подготвени на секаков разумен чекор, заедно со нашите меѓународни партнери во насока на завршување на кризата.
Пропаѓањето на средбата во Виена е пропуштање на уште една шанса да се разговара со аргументи, да се разговара во интерес на државата и да се превземат чекори за излез од политичката криза што ја наметна СДСМ. Тој излез од политчката криза значи демократски избори каде што народот ќе ја даде својата порценка и и ќе го има своето право да одлучи за својата држава. Ова е пропуштена шанса за граѓаните и за сите кои и мислат добро на Република Македонија. Пропуштена шанса за сите оние кои работат за излез од политичката криза наметната од страна на господинот Заев. Но, иако средбата во Виена се откажа заради бегањето од истата на господинот Заев, тоа не треба да го смета за свој успех бидејќи ваквиот чекор е неуспех за државата и придонесува за зголемено растење на тензиите во Република Македонија. Избори на 5ти јуни треба да има“, рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст