Хрватската Комисија за утврдување судир на интереси почна истрага против претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ под сомнеж за злоупотреба на службената положба, јави телевизијата Н1. Комисијата ја сомничи Грабар-Китаровиќ дека непотрошената сума од средствата за нејзината предизборна кампања што ги добила од државниот буџет, ги префрлила на сметка на нејзината Хрватска демократска заедница (ХДЗ).
Со ваквата постапка, според Комисијата, Грабар-Китаровиќ го прекршила принципот за неутрелност и непристрасност на шефот на дравата, Покрај ова, претседателката се товари и дека давала инструкции на ХДЗ за тоа кому и колку од овие средства да бидат поделени, со што според Комисијата, таа „остава впечаток на поврзаност на шефот на државата со една политичка партија“.
Хрватскиот весник „Нови Лист“ наведува дека станува збор за сума од вкупно 1.167.573,5 куни, односно 15.573,4 евра.
Коментирајќи ја ваквата иницијатива, Грабар-Китаровиќ нагласи дека работа на Комисијата е да ги проверува можните случаи на судир на интереси, а дека истрагите за злоупотреба на службената положба не се во нејзина наделжност.
„Со ваквата одлука Комисијата ги надмина своите надлежности и навлегува во сферата на политичка арбитража“, се наведува во соопштението на Кабинетот на хрватската претседателка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.