| четврток, 6 декември 2018 |

Несторовски со два гола учествуваше во победата на Интер Запрешиќ

ilija nestorovski

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски со два погодоци учествуваше во триумфот од 3-0 на неговиот Интер Запрешиќ против Истра 1961 во 32. коло од хрватскиот шампионат.

Несторовски на најдобар можен начин го прекина постот кој траеше повеќе од еден месец. По шест натпревари на Интер, воопшто без погодок, сега следи убедлива победа.

Нашиот офанзивец убедливо води на врвот на листата на најдобрите стрелци во хрватскиот шампионат со 18 постигнати голови. На делба на третото место на листата е Музафер Ејупи од Славен Белупо со 12 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top