Редовното годишно собрание на Македонската кошаркарска федерација што требаше да се одржи на 23.4. в сабота се одложува на неодреден период.
Ова се должи на состанокот, кој во текот на вчерашниот ден во просториите на МКФ го одржа претседателот Петар Наумоски со здружението на клубовите.
Наумоски ги прифатил забелешките на клубовите околку предлогот на федерацијата за промени на Статутот и на Регистрацискиот правилник (РП).
Преговорите запнаа околу начинот на одлучување за бројот на странски играчи во првата македонска лига и како и поделба на средствата од казните на клубовите и играчите наместо досегашната поделба 50-50 помеѓу здруженијата на екипите и МКФ, како и зголемувањето на цензусот за свикување вонредно собрание за промена на раководството од една третина на една половина од вкупниот број членки.
На состанокот исто така заеднички се донесе Заклучок да сите Здруженија и Асоцијации, во писмена форма ги дадат своите забелешки, примедби и сугестии, се со цел да се изготват Статутот и Регистрацискиот правилник, кои ќе ги задоволи потребите на МКФ и сите негови членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.