Џихадистите доаѓаат во Сирија со согласност и со поддршка на контраизвестувачките служби на европските земји, изјави сиријскиот амабасадор во Обединетите нации (ОН) Башар Џафари.
Според неговите зборови Европа им овозможува транзит на терористите што имаат државјанства на членките на ЕУ до Сирија и Ирак, со напомена дека европските влади се одговори за секој терорист кој во Сирија доаѓа од Европа.
– Денес имаме нов феномен, имаме европски тероризам. Порано се говореше за арапски и исмалистички тероризам. Денес ние сме жртви на европски тероризам, оној кој потекнува од Брисел, Париз, Лондон, Шпанија, Германија, Итали – изјави Џафери за „Јуроњуз“.
Тој додаде дека е тешко да се верува оти терористите што го напуштиле Париз, Лондон, Брисел или Бостн и доаѓаат во Сирија, тоа може да го направат без виза и пасош, поминувајќи низ десетина земји и границите на Турција и Сирија, односно Сирија и Јордан.
– Тешко дека терористот може да направи нешто без контраизвестувачките служби кои ги надгледуваат тие операции. Со заканата дека терористите ќе ги остави без државјанство, Европа ги охрабрува терористите да останат во Сирија и да не се враќаат во Европа – наведува Џафери.
Според него, ако европските држави навистина би сакала да ги спречат терористите да ги нападнат Сирија и Ирак, тогаш тие би им забраниле транзит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!