| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се отвори: Милчин оди во Виена наместо Заев!

milcin-zaev-520x278 (1)

По сите перипетии, фрлени јајца и откако ја потрошија сета боја во државата, СДСМ решија да ги симнат маските. „Минус инфо“ пренесе ексклузивна информација – Заев в петок ќе оди во Муртино, а во Виена оди Милчин.

„Главниот соросоид  и сива еминенција од сенка, Владимир Тhe Soros Mилчин ја презеде тешката задача да им каже не за 5-ти јуни“ – пренесе траорно„А1, оф“.

Заев, откако ќе заплачеше од искажаниот услов на последната прес-конференција, немал сила да оди и му требала итна психолошка рехабилитација, дијазепамче и хелексче. Заборавот од политиката ќе му го носело наводнувањето и прскањето на омилените отровни корнишони. Викендот заедно со петокот ќе го мине под чадор на нива во Муртино, во очекување пак да биде црпнат од некого.

Милчин, кој и онака во изминатите две-три години ја презеде СДСМ, сега и јавно ќе настапи како прв опозиционер. Не е шала, велат познавачите – па тој зад себе има на платен список цели 80 НВО организации и 20-на медиуми, башка СДСМ, ЛДП, ДОМ, ДС, Левица, Беса и кој ли не. Никој не можел да го побие овој силен аргумент, а во кулоарите се проширила и информацијата дека ќе биде и нов „натпартиски“ кандидат за претседатело-премиер на државата, човек кој ќе ги обединел двете функции, станувајќи пример и лик кој ќе контолира се’ во Македонија, која нема да се вика баш така уште во првата недела од неговото владеење. Ветил пред Извршниот одбор дека буквата „М“ сигурно ќе остане во името. И толку…

Досегашниот прв  натпартиски Стево Пендаровски малку се подналутил и силно заплакал од недостаток на внимание, но солзите му ги сопрела Шеќеринска со ветување за Министер за надворешни, по што со банкнота од 500 евра од киријата му го избришала и растечениот нос.

Главниот проблем на Заев, толкуваат неговите најблиски соработници за „24 паравести“ е што морал да оди самиот против себе – т.е. да условува со повлекување на аболицијата од Иванов, а тој толку многу се израдувал на сопствената аболиција за „Пуч“ и „Поткуп“, за што приредил и мега-забава за одбрана раја. Сега, под притисок на Милчин, барајќи укинување на сопствената слобода, лидерот паднал во очајна депресија. „Сам себе го убивал“ –искоментирале неговите партнери од Беса.

Силно потресен и расплакан, првиот опозиционер влегол во Поршето на Вицето, по што тој со чкрипка заминал кон Муртино, носејќи го брата си на попатна сеанса кај Иван Исцелител, појачана со бајачката на Баба Дара.

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top