| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за правда со визија: По „брегзит” Британија ќе се изедначи со БиХ, Србија и Албанија

The British Union flag and European Union flag are seen hanging outside Europe House in central London June 9, 2015. The British government will not use large amounts of public money to back any one side of the campaign in the final weeks leading up to Britain's planned European Union membership referendum, Foreign Secretary Philip Hammond said on Tuesday. REUTERS/Toby Melville - RTX1FT6X

Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар на Европската унија и ќе им се приклучи на Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Украина во зоната за слободна трговија со ЕУ, доколку Британците на референдумот во јуни изберат излегување од Унијата, изјави британскиот министер за правда Мајкл Гоув.

Изнесувајќи ја својата визија за иднината, Гоув, кој е заговорник на „брегзит”, денеска прв пат потврди дека приврзаниците на оваа опција не сакаат Велика Британија да остане дел од европскиот пазар од 500 милиони потрошувачи и дека наместо тоа земјата ќе склучи свој договор со ЕУ.

Тој појасни дека зоната за слободна трговија со ЕУ, со широк спектар на билатерални спогодби би била суштината на британскиот нов аранжман.

Гоув нагласи дека постои зона на слободна трговија, која се простира од Исланд до Турција со цел сите европски држави да имаат пристап до неа, без разлика дали се членки на еврозоната.

Откако ќе го изгласаме излегувањето од Унијата ќе останеме во таа зона. Претпоставката дека БиХ, Србија, Албанија и Украина ќе бидат дел од таа зона на слободна трговија, а Британија ќе остане надвор од неа само заедно со Белорусија, е веројатна колку и идејата Жан-Клод Јункер да стане член на УКИП, наведе тој.

УКИП е кратенка на десничарската Партија за независнот на Велика Британија, која е еден од главните заговорници на „Брегзит”.

Соработниците на Гоув појаснуваат дека Велика Британија по излегувањето од ЕУ не би уплатувала во буџетот на ЕУ, не би прифаќала слободно движење на работната сила, ниту јурисдикацијата на Европскиот суд на правда, нешто што сега како членка на ЕУ и е обврска.

Зоната на слободна трговија, како што опиша Гоув, има неколку форми. Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија се дел од спогодбата за слободна трговија, чии членки имаат различни нивоа на пристап до единствениот пазар. Норвешка на пример уплаќа во буџетот и прифаќа слобода на движење, додека Швајцарија нема пристап до единствениот пазар, но ја прифаќа слободата на движењето на луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top