Швајцарската Влада одобри денеска да воведе за период од една година дозволи за работа за граѓаните на сите земји-членки на ЕУ, соопшти министерот за правда и полиција Симонета Сомаруга.
Мерката стапува во сила од 1 мај. Таа беше воведена првично пред една година за граѓаните на осум земји од Централна и Источна Европа, кои се присоединија кон ЕУ на 1 мај 2004 година – Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Литванија, Летонија и Естонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


