| четврток, 6 декември 2018 |

Фејсбук воведува големи промени

Фејсбук го тестира новото сандаче за известувања, кое би можело да содржи најмногу промени досега и да го измени начинот на кој корисниците досега ги добиваа информациите.

facejpg500

На Твитер се појавија фотографии на кои се гледа дека сандалето за новости е поделено во неколку тематски групи, како што се свет, спорт и храна, но се уште е можно да се видат вестите и од почетната страница, каде што се собираат сите заедно, како и порано.

– Корисниците ни рекоа дека би сакале да гледаат повеќе вести од подрачјата кои ги интересираат, така што ја тестираме баријаната што ќе го овозможи тоа, изјавил претставник на Фејсбук за „Машабл“.

Со тоа социјалната мрежа сака да ги привлече корисниците чии вести се читаат на некои други социјални мрежи и страници, како на пример Твитер или Гугл Њуз. Исто така, ќе биде можно да се избришат категориите кои не ве интересираат и да се додадат некои нови коиби ги сакаче место нив.

Не е познато кога новото сандаче со информации ќе биде достапно за сите корисници, но ако тестрирањето се покаже успешно, Фејсбук сигурно нема долго да чекаат со неговата промоција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top