| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша „падна“ на Македонец

Имено, откако успеа да ги помине првите три круга на „Ѕвездите на Гранд“ и доби ексклузивна покана за да го отвори големиот солистички концерт на Саша Ковачевиќ во Скопје, нашиот претставник се наоѓа пред нов предизвик од кој ќе зависи неговиот понатамошен ангажман во најголемата српска продукција.

Согласно новите правила во шоуто, кандидатите кои ќе го поминат четвртиот круг во кој критериумите на шесточленото жири се екстремно високи, ќе добијат можност да потпишат пристапен договор кон продукцијата „Гранд“ и понатаму за нивната кариера ќе се грижи менаџментот на продукцијата.

кар

 

Инаку во изминатите денови одредени српски медиуми се обидоа да го нарушат угледот и рејтингот кој го ужива шоуто „Ѕвездите на Гранд“ со информација дека гледачите ја следат последната сезона, но сопственикот на продукцијата, Саша Поповиќ веднаш ги демантираше информациите и откри дека многу наскоро ќе има аудиција за следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top