Ако после евентуален договор во Виена пак се тераат локални заебанции до септември, Македонија и официјално ќе ја снема. А странците ќе гледаат сеир како кога почна убиството на СФРЈ Југославија, напиша Бобан Милошески од Авалон продукција на својот Фејсбук профил.
Во продолжение погледнете го целиот негов статус.
Вака…ќе бидам краток.
Пред сега му иде многу години имаше еден референдум. За територијална поделба.
Тогаш имаше една гадна антикампања “Некои прашања не заслужуваат одговор”. Тогаш по државни фирми се забрануваше да се искочи на улица во недела за да не се правело гужва… да не изгледало дека ќе има цензус.
Тогаш симпатичниот Бучковски трврдеше дека ако Сарај се приклучи на Скопје СК ќе добие во Сарај Светски спортски центар.
Тогаш човек од една фирма која беше голем спонзор на Авалон, а блиска до Буле ни се јави на телефон и ни рече мене и на Даниел “не искачајте у недела на улица и видете што помалку ваши пријатели да одат на референдум”.
Еј…не ги оставаа луѓето цивилизирано да заокружат за или против. Него… воопшто да не се излегувало!?
Јас и Даниел во 18 ч отидовме.
Имаше камери од А1 пред општина. Ако те покажат дека си гласал… тоа е.
Се демаскираш со твоето одење… воопшто. Не не интересираше ништо. Ни спонзорот што ќе се налути ни Буле…ни ништо! Арно ама… другите не мислеа така.
Си останаа дома.
Немаше цензус… прашањето не го доби одговорот… ниту Скопје спортскиот центар… до ден денес :)))
Тогаш толку многу се разочарав да се заколнав во брат “Никогаш повеќе дневна политика не ме занима. Никогаш повеќе ни на гласање не одам”
Не сум бил на гласање од тогаш. Нема ни да одам додека сум жив.
Брат ми го нема повеќе… клетвата не ја погазувам. Никогаш и за ништо.
Не го пишувам ова за да се правдам пред некого. Ме заболе онаа ствар за да се правдам.
Тврдам дека со мојата работа повеке сум придонел за МКД од 99 % од оние што се на улица… од двете страни. За да Македонија оди реално напред.
И сега давам во моментов. Највеќе… кога е најтешко.
И мене приватно без Даниел и во државава во оваа одвратна состојба.
А мојот став е нивото на она што го работам. Кој тоа не го разбира… имал двојки во основно.
Реков… клетвата не ја погазувам. Ова е само увод за еден совет што сакам да го дадам.
На оние кои ќе одат во Виенна.
Јас работам со странци.
Кога странец ќе се договори… тоа е тоа. Закон.
Кога ти ќе кажеш пред него нешто… тој мисли дека е завршена работа.
Ако после евентуален договор во Виена пак се тераат локални заебанции… до септември Македонија и официјално ќе ја снема. А странците ќе гледаат сеир како кога почна убиството на СФРЈ Југославија.
Пробаа се… видоа со кого имаат работа и рекоа – Feel free… до 250.000 гробови.
Толку од мене на темава… засекогаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст