| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција на КОВЗ за сквернавење на спомен-плочата на Мајка Тереза

Комисијата за односи со верските заедници (КОВЗ) преку соопштение го осуди, како што посочуваат, обидот за сквернавење на спомен-плочата на Мајка Тереза.

99503045

– Во годината во која ја прогласуваме за светица нашата сограѓанка Мајка Тереза, во година во која прогласувањето на нејзината светост е и наша македонска светост, оваа година во која и државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин се поклони во нејзиот дом, во оваа јубилејна година бездушните се обидоа да ја сквернават и нејзината плоча, при тоа навредувајќи ги чувствата не само на католиците, туку и на сите почитувачи на ликот и делото на Мајка Тереза. Во безумието нивно злите раце удрија и врз светицата! Жената Мајка Тереза која се роди во земјата на Големата Мајка за да биде Мајка на целиот свет, жената која се што беше скршено го спојуваше и обединуваше со љубов, надеж и исцелување, се наведува во реакцијата на Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top