Норвешкиот конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација сака да учествува во изградбата на скопскиот трамвај. Ова е и единствениот заинтересиран субјект, кој поднесе документација по повикот за јавно приватно партнерство со градот, за проектирање, изградба, финансирање и стопанисување на трамвајскиот систем во Скопје.
Сега градот треба да ја евалуира пристигнатата понуда и да се произнесе, каков е проектот и најважното колку пари понудил конзорциумот. Градските власти соопштуваат дека ќе биде потребно време да се провери обемната документација, по што ќе можат да излезат со конкретни информации за понудата и одлучат дали норвежаните ќе учествуваат во изградбата на трамвајот.
Се претспоставува дека проектот ќе “тежи” околку 200 милиони евра. Во огласот беше наведено дека концесионерот е должен да набави 22 трамвајски возила, да проектира трамвајски траси, станици и депоа и да стопанисува со системот во следните 35 години. Превидено е трамвајот, преку Центар да ги поврзува населбите Ново Лисиче и Ѓорче Петров во должина од 24 колометри во двете насоки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.