| четврток, 6 декември 2018 |

Во која земја живеат најсреќните луѓе на светот?

Што не чини среќни? Според новиот извештај на Мрежата за одржлив развој тоа се факторите кои вклучуваат БДП по глава на жител, заштита од корупција и некого на кого може да сметате во случај на неволја.

Според тие критериуми, Данска е најсреќната земја на светот, пренесува „Ројтерс“. Во првите пет се Швајцарија, Исланд, Норвешка и Финска.

САД се рангирани на 13. место. Најнесреќни се Бурунди, Сирија, Того, Авганистан и Бенин.

– Има многу силна порака за мојата земја, САД, која е многу богата. Иако во последните 50 години доби многу богати луѓе, не доби ниту еден среќен – изјави Џефри Сакс, шефот на Мрежата на одржлив развој.

 

Компелтниот извештај може да го погледнете на овој линк. Македонија е на 95. место од 157 рангирани земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top