| четврток, 6 декември 2018 |

Шарапова го промовира Порше

Руската тенисерка со германскиот производител потпиша тригодишен договор за промовирање на Порше низ светот.Марија Шарапова со Порше контактирала лани по триумфот на тенискиот турнир во Штутгарт чиј спонзор е компанијата.

За победата на турнирот, Шарапова тогаш, покрај паричната награда, дови и бел порше кабриолет, за кој подоцна изјавила, дека во почетокот се плашела да го вози но, подоцна, многу го засакала и почнала навистина да ужива во него.

Директорот на Порше Матијас Милер објаснил дека компанијата ја одбрала Шарапова за промоцијата на својот бренд поради нејзината елеганција, атлетските способности и врвните резултати во областа со која се занимава.

– Токму тоа се особините што ги карактеризираат и нашите автомобили – додал Милер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top