Голем број книги се напишани за најпознатото кралско семејство во кои се разоткриваат многу непознати детали, а од најновата книга „Игра на круните“, од авторот Кристофер Андерсен, Камила Паркер дефинитивно нема да биде воопшто задоволна.
Всушност, авторот тврди дека војвотката од Корнвол се обидела и речиси и успеала да ги раздели принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Меѓу другото, во книгата е напишано дека Камила била апсолутно згрозена од тоа што целото внимание било насочено кон Вилијам и Кејт, токму во моментот кога таа давала сè од себе за да ѝ се допадне на британската јавност, која, пак, ја обвинуваше дека е главен виновник за смртта на саканата принцеза Дајана.
Но, ова не е првпат за да се шушка за тоа дека Камила знае да биде исклучително љубоморна.
Камила, наводно, го убедувала принцот Чарлс да го увери Вилијам, кој тогаш бил несигурен дали да се ожени токму во тој момент, дека сепак би било подобро да раскине со Кејт. А Чарлс, под силно влијание на Камила, токму тоа и го направил, па младата двојка во 2007 година и навистина се раздели. Но, овој обид сепак се покажал како неуспешен, бидејќи по само шест недели Кејт и Вилијам се смириле, а денес може да се пофалат со прекрасно семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст