| четврток, 6 декември 2018 |

Пазарџиите бараат модернизација на зелените пазари

­

пазар

Неопходна е модернизација на зелените пазари со цел да се обезбедат подобри услови за пазарење и да се задржат купувачите, сметаат од Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија.

Од Стопанската комора на Македонија посочуваат дека анализите покажуваат оти со појавата на супермаркетите и продажбата на зелените производи во нив е намалена продажбата на зелените пазари од 10 до 20 проценти. ­

-Ова не е тренд само во Македонија, туку и во регионот и пошироко – истакна Даниела Михајловска ­ Василевска од Стопанската комора на Македонија.

Според неа, организаторите на пазари во Македонија знаат дека треба да инвестираат во модернизација на пазарите поради што изминатите години има големи активности во овој поглед.

Во тек е модернизацијата на пазарите во Битола и во Штип, а од „Скопски пазар“, како организатор на пазарите во Скопје, веќе се најавени два инвестициски проекти, односно реконструкција на Бит пазар и изградба на нов пазар во населбата Ново Лисиче во близина на црквата Света Софија. Со реконструкцијата на Бит Пазар се планира целосно ново покривање на пазарот, нови тезги, комплетна промена на подземната инфраструктура, паркинг простор со околу 230 места и нов деловен простор. Инвестицијата ќе изнесува 2,5 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на претпријатието. Во населбата Ново Лисиче, каде во моментот нема пазар, се планира изградба на нов пазарен простор чија изградба ќе се одвива во две фази. Во првата фаза се планира изградба на пазарниот простор со околу 120 продажни места, а инвестицијата за оваа фаза ќе чини околу 500 илјади евра. Двата проекта се во фаза на добивање одобрение за градба по што се планира да се започне со градежните активности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top