| четврток, 6 декември 2018 |

Сомнеж повеќе: Семејството на ѕвездата на „Гранд“ донесе чудна одлука

jelena

Семејството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), која беше свирепо убиена пред 15 дена, од погребот се секој ден на гробот.

Невообичаено, е меѓутоа, што семејството купило само едно гробно место, иако на овој дел од гробиштата има парцела за две места. Причината ја знае само семејството, но тоа е невообичаено со оглед на тврдењата на роднините на Зоран дека нивната љубов била бескрајна и величествена.

– Кога ќе умре едниот сопружник, обичај е да се купат две гробни места за да бидат заедно и на оној свет. Вака изгледа како Зоран да не сака да почива покрај Јелена. А можеби сака неговиот ковчег да биде врз нејзиниот, што е исто така невообичаено – констатираат мештаните на Борча.

На гробот на Јелена не престанува да цвета свежо цвеќе, некои букети се веќе суви, но ќе останат на гробот до 40 дена.

Зоран и неговите најблиски го посетуваат гробот на Јелена, а кога ќе се вратат дома, веќе не излегуваат од дворот.

– Кога ќе видиме некој од семејството, тој секогаш од кола извлекува големи кеси. Купуваат сѐ што им треба за да не мораат да излегуваат преку ден – велат соседите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top