| четврток, 6 декември 2018 |

Земан го најавува еврото: Нов „Сорос“ може да ја уништи националната валута

milos-zemanНовиот чешки претседател Милош Земан смета дека главна предност од единствената европска валута, еврото, е заштитата од нападите на финансиските пазари на националните валути. Во Виена, пред австриските стопанственици, Земан порача дека Чешка би можела да стане членка на еврозоната во рок од пет години.

– Главниот аргумент за еврото не се трансакциските трошоци, туку тоа што еврото заедно со американскиот долар и јапонскиот јен е валута на која шпекулациите не можат успешно да нападнат – додаде Земан.

Претседателот на Чешка потсети на активностите на финансиерот Џорџ Сорос, за кого рече дека во 90-тите години заработил на падот на британската фунта.

– Сорос стана милионер токму по такви шпекулации – рече Земан.

Според него, еврото на извозниците им дава одредена гаранција дека такви, како претходно споменатите активности, нема да бидат успешни.

– Секој што вели дека националната валута е фактор на стабилноста не разбира дека е сосема можно да се појави „еден нов Сорос“. Во таква ситуација, (националната) валута ќе биде уништена – смета Земан.

До пред извесно време претходниот претседател Вацлав Клаус ја офрлаше оваа можност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top