| четврток, 6 декември 2018 |

Најпознатиот Анонимус: Чие лице го користат Анонимуси?

Сите знаеме за неговото лице затоа што го „популаризираа“ Анонимусите. Но за кој поточно станува збор.

profimedia-0269434660_1

На  секој 5 ноември Британците палат огин и огномет  за да го одбележат погубувањето на Гај Фокс, католичкиот терорист од 17 век.  Денес модерните активисти го прифатија тој ден како ден на масовни протести. Анонимуси носат маска од која се смее лицето на Гај Фокс, Но како овој терорист од 117 век стана заштитно лице на модерните протести.

За време на 1605 година Фокс бил дел од римокатоличката група која планирала да го крене во воздух Домот на лордовите за време на отворањето на парламентот. Со барут требало да го убијат кралот Џејмс  Први, протестант, и да ја постават на престолот неговата деветгодишна ќерка која би владеела како римокатолички монарх.

gajfoks

Но анонимното писмо во кое се опишува нивната намера било испратено до кралот. Фокс е уапсен во неговата куќа со 36 барели барут. Тој бил мачен, а заверениците биле осудени за предавство во 1606 година . Традицијата на палење огин започнала набрзо откако планот на Фокс бил осуетен.

За време на 1980 година Алан Мур и Дејвид Лојд  го креираа стрипот „В за Вендета“ во која главен херој е претставен како притаен анархист кој носи маска со мустаќи и насмевка додека се бори против фашистичките авторитативни држави. Во 2006 година стрипот бил екранизиран во филм, а маските можеле да се купат преку интернетот.

anonimus-london

Маската подоцна ја преземаа Анонимусите. За нив одлуката била едноставна, инспирација им била последната сцена до филмот во која Гај Фокс гледа како експлодира парламентот. Маска е само начин преку кој се кријат Анонимусите. Маската подоцна ја носел и Џулијан Асанж, основачот на Вукиликс. Таа стана редовна појава на голем број протести. Без оглед што маските од филмот се достапни на интернетот, поголем број од нив сакаат сами да печатат свои.

И ден денес кралската гарда ги прегледува сите одаи под Вестминстер пред да започне седница на парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top