Откако дедото на Александра Пријовиќ во јавноста изнесе шокантни детали од нејзиниот живот, се огласи пејачката, која вели дека поради неговите приказни минува низ пекол.
Снаата на Брена вели дека не очекувала нејзиниот дедо да зборува со медиумите, бидејќи последните години е психијатриски случај и често не знае што зборува.
-Мојот дедо зборува неповрзани работи. Денеса ќе каже нешто, а утре не знае што рекол. Човекот има повеќе од 70 години, едната нога му е отсечена, другата му ја фаќа гангрена. Иако му ја отсекоа ногата се уште пие.- вели Александра.
-Дедо имаше мозочен удар и се што зборува е последица од тоа. Мојата мајка живее со него во Бел Манастир, не е вистина дека е во Виена, ниту пак е вистина дека Брена била во нашата куќа- додава девојката на Филип Живоиновиќ, за кого вели дека знае се за неа, па и дека по дедо е Ромка.
Дедо ми е Ром, а баба не. Филип и Брена тоа го знаат и не им пречи. Горда сум на своето потекло. Мислам дека не би пеела вака да немам таква крв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И тој застана на лудиот камен: Се ожени таткото на Александра Пријовиќ!
-
Уште едно славење во домот на Живоиновиќ: Трудната Александра со емотивна објава ги разнежи сите!
-
Мајчинството тешко ќе и падне: Еве дали Прија и Филип ќе добијат ќерка или син
-
Веќе испланираа: Еве каде ќе се породи Александра Пријовиќ!