| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадисти во Европскиот парламент: Кај двајца вработени најдена пропаганда од ИД

evropski parlament

Кај двајца возачи од приватна компанија која му дава услуги на ЕП најден е пропаганден материјал од ИД, наведува денеска Шпигел.

Двајцата возачи се отпуштени, еден во Брисел, а другиот во Стразбур, додека белгиската полиција отворила истрага, наведува германскиот весник, повикувајќи се на неколку неименувани извори.

ЕП одби да коментира за овој случај од безбедносни причини, а белгиската полиција засега не е достапна за коментар.

Со оглед на други показатели дека некои возачи имаат криминално минато, Шпигел тврди дека ЕП одлучил во понеделникот да не ангажира персонал од приватни компании.

Германскиот весник наведува дека во Брисел во монентов работат 65 возачи, а 85 во Стразбур.

Белгија е под силни мерки на безбедност по самоубиствените бомбашки напади изведени на 22 март, во кои животот го изгубија 32 лица.

Еден од бомбашите-самоубијци кој се разнесе во Брисел, исто така, работел во зградата на ЕУ парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top