Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски од шестата позиција ќе ја стартува утрешната трка од ФИА „ЕТЦЦ“ шампионатот за Големата награда на Словачка.
Стефановски денешните квалификации во Словачка ги заврши на шестото место со најдобар круг од 2:13.826 минути. Заостанувајќи за околу една секунда од најдобриот Кристјоханес Шрибер од Швајцарија. Клупскиот колега на македонскиот автомобилитс, Португалецот Фабио Мота ќе стартува од третата позиција на утрешната трка.
Трката за Големата награда на Словачка се вози утре. Првото возење е од 10 часот, а второто возење е закажано од 11:05 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.