| четврток, 6 декември 2018 |

На 65 години – ќе се мажи Неда Украден

Некогашната ѕвезда на екс-југословенската музичка сцена Неда Украден во интервју откри многу интересни деетали од нејзинот живот, а најмногу внимание предизвика нејзината најава дека наскоро ќе се мажи.

Иако, е на прагот на седмата деценија, Неда тврди дека денес има многу повеќе додворувачи отколку во младоста.

– Јас сум некој кој ги брише границите меѓу стари и млади. Денес, верувајте ми, имам повеќе додворувачи отколу кога имав 30 или 25 години. Навистина, тоа не е никаква лага, изјави Укрден за белградски „Блиц“.

– Да ви ги покажам моите пораки од познати и непознати луѓе, вие ќе бидете изненадени, додаде таа.

На прашањето дали и ласка што во минатото важеше за најпосакувана жена по кој „лудуваа“ политичарите, Неда одговори дека политичарите никогаш не ја интересирале.

– Со политичарите никогаш не се дружев премногу, а за Тито пеев десет пати. Тоа беше моја обврска. Што се однесува до остатокот на машкиот род, незнам дали некој има повеќе обожаватели од мене, рече таа.

Иако не сакаше да открие премногу за нејзиниот партнер, таа рчее дека тој не е позната личност, затоа што никогаш не би можела да биде со колега.

– Не е познат, а покрај мене не може да биде некој неинтересен и кој не е силна личност. Мора да биде некој што му се восхитувам, истакна Украден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top