| четврток, 6 декември 2018 |

Русија тврди: За десетина години ве носиме на одмор во вселената

За 10 до 15 години на Меѓународната вселенска станица (МВС) би можеле да бидат поставени дополнителни модули за сместување на туристи, најави првиот човек на руската вселсенска агенција Роскосмос, Игор Комаров.

Според Комаров, МВС има капацитет да биде проширена со сегменти во кои би биле сместувани „вселенски туристи“.

– Верувам дека во наредните 10 до 15 години изгледот на МВС во голема мера ќе биде променет. Ако има побарувачка, би можеле да се додадат посебни делови наменети на вселенски туристи, изјави Комаров за Раша Тудеј.

Меѓународната вселенска станица, лансирана во 1998 година, се состои од различни модули и во нејзиното функционирање заедно учествуваат, Русија, САД, Канада, Јапонија, како и Европската вселенска агенција.

Комаров, исто така, изрази надеж дека во наредните 15 години ќе дојде до поправка на апаратите во орбитата, кои се доставени од Земјата, вклучувајќи ги и орбиталните и товарните возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top