Фантастичниот млад фудбалер на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, оваа сезона игра брилијантно во дресот на „ѓаволите“. Тој нечекувано доби можност од менаџерот Луј ван Гал, и ја искористи на најдобар можен начин. Меѓутоа, сепак, не е сигурен за неговата иднина на „Олд трафорд“.
– И покрај моите настапи за Манчестер јунајтед, се уште не сум сигурен дали ќе добијам некаков договор. Многу денови поминав размислувајќи, и сега сфаќам дека не сум во добра позиција. Постигнатите голови, големата минутажа во дресот на првиот тим, се е тоа убаво. Но, јас се уште немам договор, и никој не ме контактирал во врска со тоа – истакна Рашфорд.
18 – годишниот Англичанец оваа сезона за тимот на Луј ван Гал одигра вкупно 11 натпревари во сите конкуренции, и постигна шест погодоци. Се најавува можност тој да добие договор од Манчестер јунајтед, но и веднаш да биде испратен на позајмица во италијанскиот калчолигаш Фиорентина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент