| четврток, 6 декември 2018 |

Бата Живојиновиќ не знаел за смртта на Гага, а кога му кажале заплакал: отиде мојот помлад брат

Семејството на легендарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ криела од него неколку дена дека починал Драган Гага Николиќ.

bata-zivojinovic-dragan-nikolic-foto-fonet-aleksandar-jovanovic-1457723043-861909

Со оглед дека тие биле многу блиски, тие претпоставувале дека Бата тешко ќе ја поднесе таа вест што со оглед на неговата лоша здравствена состојба  и неволјите кои ги преживеал во изминатите четири години дополнително ќе го загрозеше неговото здравје.

По разговор  со сопругата на Бата и својата мајка Лула Живојиновиќ, синот на Бата Миљко му ја соопштил на татко му тажната вест. Иако тоа го сторил на деликатен начин, Бата не можел да се смири и да ги запре солзите.

-Ми кажувате дека си замина мојот помлад браат. Белград и мојот живот никогаш повеќе нема да бидат  исти, низ солзи прозборел Бата – вели внуката на популарниот актер Дина Живојиновиќ.

dragan-nikolic-foto-dado-dilas-1458154497-865431

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top