Претседателот Ѓорге Иванов денеска во вонредно обраќање пред јавноста повтори дека не ја повлекува одлуката за помилување на претставниците на политичките партии и на други лица. Посочи дека доколку некое од лицата тоа лично гопобара од него, заедно со правниот тим ќе се обидат да најдат начин за да може правдата да се бара на суд.
Иванов упати и порака до дипломатскиот кор да внимава на однесувањето, за кое како што рече претседателот на државата, може поинаку да се толкува.
На Специјалното обвинителство, посочи Иванов, му треба време да подготви издржани случаи, а на државата и се потребни избори ослободени од стеги, за да може да се започне со ставањето крај на кризата. На политичката сцена, на политичките партии, додаде Иванов, потребни се нови лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево