| четврток, 6 декември 2018 |

Цако, момче со Даунов синдром – добитник на награда на ораторска вечер

„Бедна е онаа правда што треба да се правда“, беше темата на првите ораторски вечери што се одржаа синоќа на универзитетот ФОН, на кои учествуваа 11 студенти од државните и приватните универзитети во земјава меѓу кои и Александар Матовски – Цако, момче со Даунов синдром од Педагошкиот факултет.

цако

Александар Матовски – Цако

Настанот кој е прв од ваков вид кај нас, покрај негувањето на ораторските квалитети, вистински го имплементира и концептот на инклузија со својата отвореност и за студенти со развојни потешкотии.

За најдобри оратори беа прогласени Емилија Манасијевска, од Факултетот за економски науки- ФОН, која ја доби првата награда. Втората награда ја поделија Валерија Крстева од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и Елена Орцева од Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Третата награда ја понесе Александар Матовски – Цако од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, со што оваа манифестација дава дополнителен стимул за учество на студенти со развојни потешкотии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top