| четврток, 6 декември 2018 |

СПМ: Опозицијата да престане да ги злоупотребува младите луѓе во организирано дивеење

Социјалистичката партија на Македонија жестоко се спротивставува на начинот на кој група граѓани, организирана од страна на опозицијата и таканаречени невладини организации, протестира пред државните институции.

spm-640x356

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на СПМ

Хулиганството, бесот и омразата кои се исполуваат се непримерни за демократско општество и тие не се одлика на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија.

Особено сме згрозени од злоупотребата на младите луѓе од страна на опозицијата во дивеењето, уништувањето на државниот имот и од судирот со припадниците на македонската полиција, кои се заштитници на граѓаните и чувари на редот и мирот во државата, токму во овој момент кога спокојството и внатрешната стабилност ни се непоходни.

Социјалистичката партија на Македонија ја повторува поддршката кон претседателот на Република Македонија во донесувањето на неговата одлука за потпишување на општиот акт за амнестија, раководен од интересите на сите граѓани, како и од најдлабоките национални и државни интереси.

Поддршката ја даваме затоа што сметаме дека тоа претставува мудар чекор и дека нема подобра алтернатива за смирување на состојбата како вовед во одржувањето на фер, легитмни кредибилни и демократски парламентарни избори.

Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија од секоја национална и верска припадност или политичка определба, со историското помнење кое го имаат и со својата политичка зрезлост, со искажанатиот патриотизмот, обединети и сплотени, да ги спречат сите кои работат на штета на државата и да опстојат во одбраната и сочувувањето на Татковината.

Воедно, Социјалистичката партија на Македонија го поздравува потпишувањето на Решението за оджување на предвремените парламентарни избори на 5 Јуни од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија, со што сите граѓани ќе можат непосредно да го остварат своето право на глас, да ја дадат доверба на оние во кои веруваат и кои ја заслужуваат, со што ќе се воспостави стабилноста, просперитетот и подобрата иднина за сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top