Според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО), епилепсијата е дефинирана како мозочна хронична болест која има различни етиологии и која се карактеризира со рекурентни кризи врзани за ексцесивно празнење на мозочните неврони. Епилепсијата е релативно често невролошко заболување, а најчести фактори за појава на епилепсијата се цереброваскуларни болести, тумори, АВ малформации, инфекции, прекумерно консумирање алкохол, посттрауматски епилепсии кои настануваат како последица на тешка повреда – сообраќајни незгоди, пад од височина, удар со тап или со тврд предмет во главата, вели доцент д-р Татјана Чепреганова-Чангова невролог во клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Какво невролошко заболување е епилепсијата?
ЧЕПРЕГАНОВА-ЧАНГОВСКА: Епилепсијата е релативно често невролошко заболување и по своите карактеристики претставува сериозен медицински и социјален проблем. Taa е концептуално дефинирана во 2005 година од Интернационалната лига за борба против епилепсија (ИЛАЕ) како заболување на мозокот карактеризирана со долготрајна предиспозиција која генерира епилептични напади. Според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО), епилепсијата е дефинирана како мозочна хронична болест која има различни етиологии и која се карактеризира со рекурентни кризи врзани за ексцесивно празнење на мозочните неврони.
Какви видови епилептични напади постојат?
ЧЕПРЕГАНОВА-ЧАНГОВСКА: Главно, поделбата е на фокални и на генерализирани епилептични напади и во зависност од тоа дали е засегната свеста, фокалните ги делиме на едноставно парцијални и на комплексно парцијални напади, а генерализираните на тонични, клонични, атонични, миоклонии, абсанси. Генерализираните напади се најчести кога болниот има целосно губење на свеста, со генерализирани грчеви на мускулите на екстремитетите и на вилицата, кога може да го гризне јазикот и неволно да се измокри. Парцијалните напади може да бидат едноставни и комплексни. Кај комплексните доаѓа до нарушување на свеста. Овие напади зависат од локализацијата на епилептичното жариште, затоа се наречени и фокални напади, со честа еднострана моторна или сензитивна симптоматологија.
Постојат ли ризик-фактори за појава на епилепсија?
ЧЕПРЕГАНОВА-ЧАНГОВСКА: Најчести фактори за појава на епилепсијата се цереброваскуларни болести, тумори, АВ малформации, инфекции, прекумерно консумирање алкохол, посттрауматски епилепсии (кои настануваат како последица на тешка повреда – сообраќајни незгоди, пад од височина, удар со тап или со тврд предмет во главата… Понекогаш и по лесна траума на главата – интервалот на појава на напад по траума изнесува од една недела до 7 и повеќе години). Ризик-фактори се и вродени нарушувања во развојот (интраутерини), нарушувања во развојот на крвните садови, вродени оштетувања, инфекции, нарушувања на миграцијата на невроните, породилна (неонатална траума). Во детската возраст тоа се повреди на глава, инфекции, тумори, итн., а кај возрасните најчестите фактори се мозочни удари, повреди на глава, интоксикации, консумирање алкохол, дегенеративни болести, тумори, итн. Според ова, најризични се малите деца (поради нематурираниот мозок и наследноста) и постарата популација, поради васкуларните и дегенеративните болести.
Дали епилептичните напади се лекуваат еднаш засекогаш?
ЧЕПРЕГАНОВА-ЧАНГОВСКА: Доколку пациентот е без напади пет години, а истовремено пие антиепилептична терапија и електроенцефалограмот е уреден, треба да се размислува за постепено намалување на терапијата (во договор со својот доктор), во спротивно терапијата може да остане во текот на целиот живот.
Можно ли е, да кажеме, условно здрави лица во поодминати години, првпат да добијат епилептични напади?
ЧЕПРЕГАНОВА-ЧАНГОВСКА: Кај постарата популација васкуларните и дегенеративните болести се единствената причина за епилептичен напад. Тоа се т.н. симптоматски епилепсии, кои според новата терминологија се нарекуваат и структурно или метаболни епилепсии. Дефиницијата за симптоматски епилепсии е кружна во структурните или во метаболните промени во мозокот. Постојат и криптогени епилепсии, или т.н. непознати епилепсии, причината за нивното настанување не е позната. Ако не е генетска или симптоматска епилепсија, се преферира да се каже дека причината е непозната.
Дали грчевите кај бебињата при висока температура треба да ги загрижуваат родителите дека тоа дете подоцна може да добива епилептични напади?
ЧЕПРЕГАНОВА-ЧАНГОВСКА: Фебрилните конвулзии настануваат од покачена телесна температура. Конвулзиите се епилептични напади, но не се епилепсија. Најголем дел од фебрилните конвулзии кај децата се од бенигна природа и затоа се наречени едноставни фебрилни конвулзии. Постојат и сложени фебрилни конвулзии кои се појавуваат до шестмесечна возраст и имаат друга етиологија, а фебрилноста е само провокативен фактор. Тој процент на конвулзии е многу мал.
Разговараше: Александра М. Бундалевска
Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст