Република Чешка наскоро би можела да го промени името, пишува Еуроњуз. Иако веста звучи бомбастично, станува збор за тоа дека властите сметаат дека официјалното име на земјата е непотребно долго.
Кога ќе изберат соодветно име чешкиот претседател, владата и претседателите на свата дома на собранието, Министерството за надворешни работи ќе го приложи новото име во ОН и тоа ќе стане кратко официјално име на државата, велат од Министерството за надворешни работи.
Република Чешка е создадена по мирниот распад на Чехословачка во 1993 година. Досега немаше стандардно име од еден збор, за разлика од, на пример од „Франција“ за Република Франција.
Најголемиот дел од земјата е познат како Чешка, но има и други делови – Моравска и Шлеска, така што на земјата ѝ е потребно едно име, кое нема да ги исклучи тие историски факти.
Чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек најави дека новото име ќе биде поприспособливо на странските јазици. Така наскоро парламентот треба да го изгласа зборот Чехија како ново име на земјата, кое ќе биде за меѓународна употреба.
Чехија е, всушност, англиската верзија за чешкиот назив Ческо. Чехија ќе се користи на спортски натпревари и на промоција на земјата.
Скратеното име на Република Чешка нема да биде проблем за многу земји, зашто тие и без тоа веќе го користат Чешка. Говорниците на англиското подрачје досега користеа исклучиво Чешка Република. Новиот назив ќе го користат Арапите, Британците, Шпанците, Русите и Кинезите.
Заговорниците на Чехија велат дека овој назив може да потекнува од 19 век и дека го користеле географските канцеларии по распадот на Чехословачка во 1993 година како скратена алтернатива.
Сепак, овој назив не заживеа досега, па може да остане неприфатен и откако ќе се воведе официјално. Многу Чеси сметаат дека називот едноставно е грд, а други дека звучи како Чеченија и би можело да предизвика забуна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст