| четврток, 6 декември 2018 |

Шеќерот прави зависност иста како кокаинот!

Доколку се прекине со користење на шеќер во исхраната, тоа може да има ист ефект на организмот како и престанување со користење на дрога, велат наодите на научниците.

шеќер

Истражувањето покажало дека консумирањето на индустриски преработениот шеќер влијае на зголемувањето на нивото на допамин на сличен начин на кој тоа го прават дрогите, како кокаинот.

Исто така, утврдено е дека долготрајното консумирање шеќер предизвикува луѓето да внесуваат повеќе шеќер со цел да постигнат ист степен на задоволство, односно да избегнат поблаг облик на депресија.

Истражувачите дошле до заклучок дека истите лекови што се користат за лекување зависност од никотин, можат да се користат и за шеќер.

Според истражувањата на австралиските научници и луѓето што се зависни од шеќер треба да се третираат како зависници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top