Како што пренесуваат медиумите свекорот на Јелена, Владимир не го поминал полиграфскиот тест.
Расветлувањето на убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ кое се случило на 2 април е уште не се случило, а полицијата неуморно го бара сторителот на злосторството која ја шокираше јавноста и внесе страв кај жителите во белградската населба Борча.
Полицијата наводно има нови сознанија и постои сомневање дека во убиството на пејачката се вмешани некои од членовите на најблиското семејство, а се истражува и дали пејачката е убиена во својата куќа, пренесуваат извори на некои од медиумите.
Инспектори и форензичарите поради тоа детално ја претресле куќата на семејството на убиената пејачка во Борча и заминале со неколку кеси со чевли и облека кои ќе бидат анализирани.
Обрт во истрагата се случил кога , како што дознаваат медиумите, обдукцијата покажала дека злосторот не бил извршен на насипот. Исто така се наведува дека свекорот на Јелена паднал на полиграфско испрашување во полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се тргнал од ќерката Јана на 10 минути, ја убил Јелена, па ја пријавил за исчезната
-
Ожалостен на журка: Додека семејството му тагува, деверот на Јелена на ноќна забава
-
Убиството на Јелена е совршено злосторство? Сите траги паднале во вода, полицијата нема ништо конкретно
-
Недостигаат три клучни работи: Причините поради кои убиецот на Јелена сè уште не е уапсен