Претседателот Ѓорге Иванов за време на заедничкото интервју со главните уредници на телевизиските куќи, прашан за присуството на амбасадорите на прес-конференциите на СЈО, тој одговори дека тие амбасадори ги пречекоруваат овластувањата.
-Амбасадорите ни се шетаат по судови, тоа не е влијание? Им диктираат на телефон што да прават, тоа не е притисок? Некои од амбасадорите ги пречекорија сите амбасадориски овластувања кои стојат во Виенската конвенција за дипломатија. Не сакаме ние да влегуваме во конфликт со земјите од каде тие амбасадори доаѓаат. Јас во обраќањето кое го имав пред нив на традиционалното обраќањето на дипломатскиот кор им кажав да внимаваат тоа што го работат да не бидат погрешно сфатено. Затоа што тие доаѓаат и си одат, ние остануваме. Ни ги оставаат проблемите и навиките и преседаните други да ги користат. Можеби тоа го правеле во време кога не не сме имале своја суверена држава, не сме имале свои партии, свои институции, свој устав. Денес е недозволиво. Никој досега не успеал да ме притисне, ни да ме скрши ниту пак да ме уцени. Сум влегол во ова со чист образ и со чист образ сакам да излезам. Не можам јас да ви зборам за криминал и неморал, ништо од тоа не знам. Но за чесност, искреност, за посветеност, можам да ви зборам со часови- рече Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево