Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска организира отворен ден. Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија.
Централниот настан е предвиден на платото пред ректоратот, каде ќе бидат сместени штандовите на факултетите.
Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија.
Покрај другите активности предвидени се јавни дебати, многубројни наградни игри за посетителите, голема забава со концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје, Пламенка Трајковска и квартет и групата СУПЕРХИКС на платото на Универзитетот со почеток од 10 ч.
Денот е наменет за средношколците од средните училишта во Р. Македонија, но и убава можност за сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и докторските студии на Универзитетот.
Настанот започнува во 10 часот и ќе трае до 17 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.